Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ДИК: Гласањето на болните, немоќните и лицата во затвори и домови помина без проблеми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryb6gsubl421ar6yqZ28J

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека денеска се спроведе гласањето на болните и немоќните лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или во притвор, како и на лицата сместени во установите за вонсемејна грижа. Гласањето се одвиваше во општините каде утре ќе се одржи вториот круг од локалните избори и во Градот Скопје.

— реклама —

Од вкупно 4.826 болни и немоќни лица, до 20:00 часот гласале 3.327 гласачи.

Во 14 казнено-поправни установи, каде што право на глас имаат 1.256 лица, до 18:30 часот гласале 588 гласачи, додека од 214 лица сместени во установите за вонсемејна грижа, своето избирачко право го оствариле 125 гласачи.

— реклама —

„Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности“, соопшти ДИК.

Од Комисијата прецизираат дека резултатите од денешното гласање нема да се објавуваат посебно, туку сите гласачки ливчиња се ставени во затворени пликови и во гласачките кутии.

Броењето на овие гласови, како и објавувањето на резултатите, ќе се изврши заедно со резултатите од редовното гласање утре по завршувањето на изборниот ден во 19:00 часот, за секое избирачко место и општина каде што се гласа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library417vtphriakgdyOpmJV

ДИК–ИФЕС: Фокусирана соработка за клучните стратешки приоритети на Комисијата

Македонија | пред 1 месец

mirjana-najcevska

„Се исплашив дека ќе стават човек со интегритет“ – Најчевска за изборот на Маричиќ во ДИК

Коментари | пред 1 месец

maricic

Бојан Маричиќ избран за претседател на ДИК со двотретинско мнозинство

Македонија | пред 1 месец

dik

Членовите на изборните одбори сѐ уште без пари - ДИК и општините молчат, реагира Левица

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања