„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

ДИК: Излезеноста до 9 часот е 2,88 проценти на државно ниво, а 2,46 во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-librarydmmcm9t54pk96OLzJPD

ДИК ја соопшти излезноста до 9 часот.

— реклама —

Одѕивот на гласачите во вториот круг од локалните избори до 9 часот изнесува 2,88 отсто, при што своето право на глас го оствариле 22.379 граѓани, реле претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко.

— реклама —

Во Град Скопје, одѕивот за избор на градоначалник е 2,46 отсто. Во првиот кург, излезноста до 9 часот беше 3 отсто.

— реклама —

„Гласачките места се отворени навремено и уредно, а гласањето се одвива во најдобар ред. Постапката тече непречено и досега немаме евидентирано никакви проблеми со изборниот материјал или со работата на избирачките одбори“, изјави Кондарко.

— реклама —

Тој кажа дека единствено на избирачкото место 0385 во Дојран имало краток застој поради технички проблем со смарт картичка на уредот за биометриска идентификација, но проблемот е надминат и гласањето продолжило без прекин.

Кондарко најави дека во текот на денот, тимови на ДИК ќе вршат ненајавени посети на одредени избирачки места и општински изборни комисии со цел да го надгледуваат текот на изборниот процес. По 19 часот, тимовите ќе го следат и процесот на броење на гласовите за да се обезбеди поголема транспарентност. ДИК останува на препораката целиот состав на избирачкиот одбор да биде присутен за време на броењето.

Од Комисијата информираат дека се во постојана комуникација со Комисијата за следење на изборниот процес при Јавното обвинителство, со цел превентивно да се реагира доколку се појави потреба.

Во вториот круг од локалните избори се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Право на глас на 1.771 избирачко место имаат 1.013.375 граѓани, од кои 474.304 се во Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysk52tkolq6tp4oF0jIq

Следете ги официјалните изборни резултати - ВО ЖИВО

Македонија | пред 6 дена

media-library4etfp2h0gbtmaAVvCL9

(Видео) Излезноста на вториот круг од локалните избори 45,71% – во Скопје гласале 33,82% од запишаните избирачи

Настани | пред 6 дена

media-librarykfk3bu572lbc3CtKnfS

Излезност до 17 часот: Гласале 39,28% од избирачите, најмала излезност има во Куманово и Шутка

Македонија | пред 6 дена

Screenshot-2025-08-17-at-21.00.48

Осумина домашни набљудувачи останаа без акредитации, ДИК им ги одзеде и ги соопшти нивните имиња

Скопје | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања