Промени тема
Контакт

Димитар Ковачевски мора да се извини за лагата за неговото образование, бара Стоилковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Stoilkovski-20.05

„Димитар Ковачевски мора да се извини за лагата за неговото образование. Ковачевски не само што ги доведува во заблуда медиумите и јавноста, туку тој гази на многу сомнителни даски. Ова е профилот на Димитар Ковачевски на мрежата ЛинкдИн, социјална мрежа за бизнис и вработување, на која се оставаат своите професионални биографии во потрага за работа. Во самото заглавие на Ковачевски стои, „заменик министер за финансии, универзитетски професор“, па веднаш под тоа стои и наведен е „Харвард Бизнис училиште“. Ковачевски Харвард го ставил и во делот на образование. Не во делот на обуки, тренинзи, курсеви туку во образование“, посочи Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —
— реклама —

„Почитувани, човек што лаже за својата биографија и образование, е спремен да лаже за се'. Ковачевски е човек од Харвард, колку што Зоран Заев е Нобеловец. Ковачевски молчеше кога образованието на Харвард му ги креваше акциите, кога го ставаа на насловни страници на весници. Ковачевски се буни кога ќе му ја побарате дипломата од Харвард. Вистината излегува на виделина. Ковачевски не завршил на Харвард, Ковачевски бил на тридневен курс за којшто, каде ниту има приемен, ниту се полага завршен испит, ниту има диплома потоа, а се плаќа скапо. Почитувани, Ковачевски е резултат на заевизмот, Ковачевски е поставен да го продолжи заевизмот, лагите, ставен е да ги продолжи поразите на Македонија. Нема ништо полошо од заевизмот, за Македонија нема полошо од СДСМ“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања