Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Димитриеска-Кочоска: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
08101

Договорот за заем со унгарската Експорт-импорт банка денеска е потпишан во Будимпешта. Договорот во име на Владата, а во согласност со Законот за Закон за задолжување на РС Македонија со заем кај Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

— реклама —

„Со потпишување на Договорот денеска обезбедуваме 500 милиони евра за буџетска поддршка, за поддршка на локалниот развој преку проекти во општините, како и за поддршка на економијата. Тоа беше повеќе од потребно за нашата економија, која во првиот квартал имаше многу слаба економска активност и бараше мерки кои ќе направат раздвижување и забрзување на економската активност. Исто така, и реализацијата на проектите во општините претставуваа неопходност затоа што и тие ќе имаат позитивно влијание врз економската активност, а дополнително со нив ќе решиме и горливи проблеми на граѓаните“, рече министерката за финансии по потпишување на Договорот.

Заемот, како што истакна, се обезбедува по поволни услови, со рок на отплата од 15 години, со вклучен грејс период од 3 години и каматна стапка од 3,25%.

— реклама —

„Одлуката на Владата да го обезбедиме планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година преку билатерален заем од Унгарија, наместо со издавање нова еврообврзница, произлезе како резултат на поволните услови што ги добивме и заштедата што ја правиме само по основ на каматата. Каматните стапки по кои би ја добиле оваа сума на меѓународниот пазар е околу 6% и тоа е голема заштеда по буџетот по овој основ, односно заштеда на годишно ниво од околу 14 милиони евра. Дополнително и рочноста дава предност и помал ризик од потреба за рефинансирање“, рече Димитриеска-Кочоска, која додаде дека ваквите услови се резултат и на политиките што ги води Владата, а за што, како што посочи, минатата недела добивме потврда и од кредитната агенција „Фич“, којашто според неа има значајна улога за каматните стапки коишто ги добива земјата при задолжување на финансиските пазари.

Она што е за потенцирање, според министерката, е дека делот од заемот кој ќе оди кон компаниите ќе биде пласиран исто така по поволни услови, што ќе влијае на отпочнување на еден инвестициски цисклус во приватниот сектор од над 500 милиони евра со кој ќе се обезбедат повисоки стапки на економски раст.

Средствата, како што рече, до крајот на неделата треба да бидат префрлени на сметките во земјата и потоа да почнат да се реализираат согласно планираното.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

480604994_1178362884296679_3547417140927990935_n

Министерката за финансии: Ако постои 'картелско' здружување на маркетите, цените ќе беа тука некаде, не е така!

Македонија | пред 10 месеци

26121

Димитриеска-Кочоска: Многу наследени проекти се прекинуваат поради објективни проблеми, се прават законски измени за процена на проектите над 2 милиона евра

Македонија | пред 1 година

ministerstvo-za-finansii

Обвинители влегле во Министерството за финансии

Македонија | пред 1 година

28111

Димитриеска-Кочоска: Со поддршка од ОЕЦД, Македонија ќе стане дел од земјите кои ги имплементираат стандардите за автоматска размена на податоци

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања