Димитриев: Силјановска е интелектуалец кој ја сака Македонија и се залага за правда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Emil-Dimitriev

Емил Димитриев, премиерот на техничката влада на Македонија, во контекст на прашањето какви и се шансите на Гордана Силјановска Давкова за победа на претседателските избори рече дека во минатото ВМРО-ДПМНЕ дала одличен шеф на државата во Борис Трајковски и дека Силјановска е интелектуалец кој ја сака Македонија и се залага за правда, а тоа се два критериуми кои се доволни за да добие поддршка.

— реклама —

- Во периодов од прогласување на независноста до денес, малку интелектуалци го зачувале својот интегритет независно од тоа кој е на власт. Давкова е една од тие интелектуалци, која ја сака Македонија и се залага за правда, два критериума во ова време сосема доволни да добие поддршка. Интересна е дилемата, како гласачкото тело кое е позиционирано центар-десно од идеолошки аспект и секогаш е побројно од левицата, не испрофилира не едно туку повеќе квалитетни решенија за претседател на државата. Нешто што само ми ја потврдува лошата состојба во опозицијата, која во последните две-три години изобилува со неосновани меѓусебни пресметки и дисквалификации. Да не заборавиме, ВМРО-ДПМНЕ во минатото ѝ даде на Македонија одличен претседател, член на партијата, но со висока државничка свест – зборувам за покојниот Борис Трајковски., рече Димитриев во интервју за „Независен“.

Додаде дека во преговорите со Грција во спорот за името грешки правеле и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, наместо да постигнат една широка платформа.

— реклама —

- Улогата што ја играше СДСМ, по секоја цена да се постигне договор и по цена на националните интереси, беше јасен сигнал за другата страна во преговорите. Позицијата, пак, на ВМРО-ДПМНЕ на проблемот да гледа како на нешто туѓо, а со тоа го остави СДСМ да прави што сака, доведе до ситуација да добиеме лоша варијанта на договор. За мене особено беше проблематичен принципот „име за севкупна употреба“, нешто што има негативен импакт на нашиот идентитет. Тоа беше причината да не ги поддржам уставните измени, ризикувајќи да бидам разбран погрешно, иако претходно во мојата кариера, како заменик министер за одбрана, како пратеник и претседател на Влада, се имам вложено во напорите за наше НАТО-интегрирање. Ако процесот се менаџираше со домашна заедничка стратегија, убеден сум дека освен што ќе имавме подобар договор, неговото вградување во политичкиот систем ќе беше достоинствено, а ќе имавме и негова полесна имплементација, додаде Димитриев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања