Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски им порача на кумановци да продолжат заедно да го развиваат градот во еден модерен европски град.
– Куманово ќе биде поубаво место за живеење, затоа што кумановци отсекогаш биле пркосни како граѓани. Не верувајте на лажни ветувања, бидете рационални. Излезете масовно на 31-ви октомври и поддржете нè! Јас сум подготвен, секогаш за вас и со вас да ги бранам интересите на кумановци. Одиме до крај! – порача независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски.