Димитриевски се жали на вработени во општината: Работата ја доживуваат како еден вид на забава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
maksim-dimitrievski-43

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, во вчерашното  божиќно интервју за локалната ТВ Плус информираше дека очекува соработка во Советот на општината од сите политички субјекти.

— реклама —

„Веднаш по завршувањето на локалните избори одржав прес-конференција кадешто резултатите беа видливи. Повикав на едно сеопшто обединување, консензуално обединување во советот, ги повикав сите политички субјекти да влезат во следното мнозинство на советот и да ја оставиме политиката да се води на централно ниво. Не наидов на разбирање, особено не кај моите поранешни сопартијци кои веднаш ад-хок го отфрлија предлогот, а мислам дека дури и на седницата при избор на претседател на совет, сегашниот претседател на совет излегоа со став дека нема да дадат

— реклама —

поддршка на квази социјалдемократи, а идеолошкото убедување го носиме сите ние поединечно и нас не може никој да ни го наметнува. Има место и  простор за сите, бидејќи сакам да излезам од тој стереотип дајте да го поделиме колачот, да видиме кој, за кого, што има.

— реклама —

Сакам да воведам нов принцип на менаџирање и управување со градот. Дајте да видиме кои се идеите и проектите, да ги ставиме на маса и заеднички да ги реализираме. Тие се проекти кои првенствено треба да бидат во функција на сите наши граѓани, а не во функција на политичките субјекти коишто ние ги  претставуваме, бидејќи на крајот граѓаните со нивното однесување и

искажување на јасниот став на последните локални избори рекоа дека препознаваат еден таков концепт и дадоа поддршка на еден граѓански концепт“, потенцираше Димитриевски.

Тој посочи дека ова е можеби еден од првите примери во државата кадешто имаше избор на кандидати за советници, за градоначалник, којшто излегува  од партија која е на позиција на власт и оди со еден граѓански концепт и добива висока поддршка, истакнувајќи дека тоа за Димитриевски е обврска повеќе кон граѓаните да продолжи да работи уште помакотрпно, да создава поквалитетен тим, којшто ќе размислува деноноќно на Куманово како да се развива, како да ги менаџира општинските ресурси и средства, да се намалат загубите, да се покачи продуктивноста и да се покаже дека може

поразлично да функционира од она што било функционирањето во минатото, не само во нашата општина, туку генерално во државата. И притоа, водејќи сметка на локалните интереси, интересите на граѓаните, но, секогаш ставање на државниот, националниот, граѓанскиот интерес пред било кој партиски.

„Промените се позитивна работа. Во рамки на првиот мандат ги детектирав сите пропусти во јавните претпријатија и во рамки на функционирање на општинската администрација. Кај директорите постапката оди многу полесно, бидејќи се поставуваат и разрешуваат со решенија, додека во рамки на раководните структури на општината имате закон за државни службеници којшто на некој начин ги штити одредени поединци коишто според мене не ја извршуваат во целост својата работна обврска и некако работата во општината ја доживуваат како еден вид повеќе на забава,

отколку на одговорност. Се обидувам во соработка со општинските служби, секретарот и дел од раководителите да им објаснам на вработените во општината дека тие се професионална администрација којашто мора да биде во функција на граѓаните.

Кога ќе влезе граѓанинот во општина мора да излезе задоволен со нивото на професионалната услуга којашто ја добил. Нашата цел е да имаме комплетно професионална администрација, а не

партиски оптеретена, којашто ќе дава еднакви услуги на сите, бидејќи сум градоначалник на сите граѓани без разлика кој на која политичка, верска и етничка припадност припаѓа. Тоа мора да го разберат сите вработени во општината“, изјави Димитриевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања