ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

Димитров ја искритикува Владата по посетата на Петков: „Салама“ тактика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
idiot-3

Никола Димитров, поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, денеска објави статус на Фејсбук со кој ја искритикува Владата по посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков во Скопје дека го спинува решавањето на спорот со „добрата волја Бугарија да го прифати краткото име“. Ова поранешниот министер за надворешни работи го нарекува „салама“ тактика.

— реклама —

„Вчера сами јавно признаа дека го смениле пристапот и стратегијата кон Бугарија, што прво ги урива хистеричните напади за мене и тврдењата дека сме немале внатре разлики, а второ го разобличува и обидот за евтин спин дека нешто Софија отстапила (спин што добро го препознаа и некои наши медиуми).

— реклама —

Додека бев внатре го држев другиот пристап - ништо не е договорено додека не се договорат сите прашања - како што јавно кажа мојот наследник вчера.

— реклама —

Вториот ден без мене пристапот и суштината се смени во “салама” тактика“, пишува Димитров.

Според него, Владата го претставува како успех прифаќањето на „краткото име“ од страна на Бугарија во преговорите за деблокадата, но според Димитров реално тоа не е така.

„Велат дека сега со новиот пристап сме имале резултати веднаш - Софија "прифатила" да го користи краткото име, нешто што само по себе не е наш проблем, туку нивен и нивно барање.

За ова неосновано барање да биде прифатено ние пративме нота до ОН што Софија ја бараше две години и не ја добиваше, без притоа да направи било каква отстапка.

Сега ова биле резултатите со новиот пристап...

Да се разбереме, никој никогаш не спорел дека ваков пристап би дал резултати - АМА во корист на другата страна.

Ако овој нов пристап се развива и кулминира, никој не спори и дека решение е можно, претпоставувате какво.

Повеќе за суштинската штета со нотата до ОН, каде атрибутите на државата се затворени, во следниот јавен настап“ дополнува Димитров.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања