„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Димитров на состанокот на Северно-Атлантскиот Совет на НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
dimitrov-cerar

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска учестува на состанокот на Северно-Атлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи со земјите контрибутори во мисијата Решителна поддршка во Авганистан, кој се одржува во седиштето на НАТО во Брисел. Димитров е дел од овој состанок на покана на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

— реклама —

На состанокот, министрите разговараа за напредокот и одржувањето на мисијата Решителна поддршка, за натамошната поддршка на финансиската одржливост на авганистанските безбедносни сили до 2024 година, како и за улогата на НАТО Алијансата и нејзините партнери во обезбедување на сигурна и просперитетна иднина на земјата и региoнот.

Министерот Димитров, во своето излагање, ја нагласи подготвеноста на Република Македонија за натамошна поддршка на Владата на Авганистан и нејзините безбедносни сили, со цел градење на стабилна и безбедна иднина за Авганистан и регионот.

— реклама —

На маргините на состанокот, денес, МНР Димитров оствари билатерални средби со МНР на Турција, Мевљут Чавушоглу, МНР на Литванија, Линас Линкевичиус, МНР на Словенија, Миро Церар, како и со заменикот генерален секретар на НАТО, Роуз Готемолер. На средбите беше разгледан статусот на пристапниот процес на Република Македонија за членство во Алијансата. МНР Димитров ги информираше соговорниците за процесот на имплементација на Договорот од Преспа, а се разговараше и за актуелните состојби во Регионот.

Работната посета на Министерот Димитров на Брисел завршува попладнево, со средби во седиштето на Европската комисија, со Федерика Могерини, ВП на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на ЕК, и со Јоханес Хан, комесар за европска соседска политика и проширување.

На средбите ќе се разговара за посветеноста на Република Македонија за нејзината европска перспектива и за заложбата за континуитет во спроведуваање на неопходните реформски приоритети со цел постигнување на клучната одредница за Република Македонија, рефлектирана и во усвоената Резолуција на Европскиот парламент - добивање одлука за почеток на пристапни преговори со ЕУ, во јуни 2019 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања