„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Димитров: Се злоупотребуваат информации стари 8 годи, со обид за тенденциозна лична дискредитација за да му се наштети на заокружувањето на договорот од Преспа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров, преку својот ФБ профил ги прокоментира последните написи за него на Организацијата Викиликс , која пак тврди дека во два наврати бил заштитен извор на амбасадата на САД.

— реклама —

“Деновиве гледам извадиле стари информации објавени во 2010 година кои всушност потврдуваат дека конзистентно сум работел на исполнување на стратешките цели - НАТО и ЕУ членството - и сум комуницирал со САД, нашите стратешки партнери, во функција на остварување на државните интереси на Македонија. Истите партнери што во 2004 година, кога бев амбасадор во Вашингтон, го признаа уставното име на Република Македонија. Фактот што после цели осум години се злоупотребуваат истите информации, со обид за тенденциозна лична дискредитација за да му се наштети на заокружувањето на договорот од Преспа, токму во финалето на процесот, индицира дека зад овие игри се сили кои се против реализацијата на европските и евроатлантските интеграции на Република Македонија“, напиша Димитров на својот ФБ профил.

— реклама —

Инаку според организацијата која со години објавува тајни строго доверливи дипломатски преписки украдени од американските институции Димитров бил на листата на “заштитени” во 2008 година кога беше преговарач во спорот за името со Грција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања