Промени тема
Контакт

Димитров со остра реторика од Берлин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dimitrov

Во Берлин почна годишниот состанок на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), што ги обединува највисоките носители на одлуки на континентот, еминентни интелектуалци, претставници на невладиното општество и тинк-тенк заедницата со цел формулирање на координирана и ефективна надворешна политика на Европа како одговор на современите предизвици.

Како член на оваа заедница, вицепремиерот Димитров го искористи неговото учество за да ја афирмира стратешката важност на процесот на проширување на ЕУ со земјите од регионот од аспект на иднината на Европа.

— реклама —

„Ако Европската Унија се стреми да биде глобална сила, тогаш прво треба да стане ‘локална’, односно да го оствари своето влијание во Западниот Балкан, регион што во секоја смисла е интегрален дел, не само географски. Токму во овој регион Унијата мора да оствари најголема влијание со оглед на силната врска од аспект на трговијата и финансиската помош, но и политичкото ветување за европската перспектива од Солун 2003 година. Регионот не е во добра форма, европското ветување е разнишано и ЕУ треба да се праша дали амбицијата да направи разлика на глобалната сцена како играч е кредибилна без првенствено да делува локално – во регионот“, рече Димитров.

— реклама —

Интервенцијата на вицепремиерот на дискусијата на која учествуваа шпанскиот МНР Хозе Мануел Албарес, европската комесарка Јута Урпилаинен и аналитичарот Иван Крастев, го сврте вниманието кон политиката на проширување на ЕУ и трансформативната моќ во таа смисла.

— реклама —

На овој клучен настан на европскиот политички календар во текот на денот ќе бидат дискутирани и односите Европа – Кина во контекст на иднината на глобалната трговија, на коишто теми меѓу другите учесници ќе се обратат шведската министерка Ан Линде и директорката на ЕК Сабине Вејанд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања