Димитров: Законот за СЈО мора да се донесе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
MFA_8353

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за „360 Степени“ на Алсат, зборуваше за извештајот на Европската комисија кој треба да биде објавен пролетва, носењето на законот за СЈО како еден од условите за позитивен извештај и почеток на преговорите со ЕУ, и што би се случило доколку законот не се донесе.

— реклама —

Dn0oUQtelw4
— реклама —

– Мислам дека мора да се донесе законот. Мислам дека ситуацијата во Европа, од Брегзит, од претстојните избори за Европскиот парламент, од дебатите за буџетот, од дебатите за иднината на Европа и внатрешните реформи… ние мора, за да си ги зголемиме шансите за успех и конечно да почнеме пристапни преговори со ЕУ, пристап до кохезивните фондови итн, да им направиме на сите земји членки, непријатно тешко да не не поддржат. Не смееме да оставиме прашање што може да биде изговор или основа за негативен став. Ние успеавме и потешки прашања, да ги споменам амандманите на Уставот итн. Мора да бидеме на значењето на овој момент – рече Димитров.

Тој рече дека ЕУ ќе го доведе во прашање својот кредибилитет доколку не ја валоризира нашата успешна приказна со домашните реформи и решавањето на отворените прашања со соседите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања