„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Димовски: Шансите за добивање на датум за преговори се мали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ilija-dimovski

Пратеникот Илија Димовски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, прогнозира дека Македонија нема да добие датум за преговори, велејќи дека тоа е се поочигледно. Димовски во вечарашното гостување на 1ТВ, сепак истакна дека НАТО членството сме на пат да го добиеме.

— реклама —

-Ние живееме во една еуфорија од промена на власта. Дали ВМРО-ДПМНЕ посакува да добиеме датум за преговори, да. Зошто премногу труд е вложено во изминативе години. ВМРО-ДПМНЕ без разлика на сите критики, се посветувала на таа агенда. Од друг аспект, ние во овие две години гледаме запоседнување на целиот систем, па дури и злоупотреби. На ВМРО-ДПМНЕ од тој аспект му одговара да отпочнат преговорите, и овие прашања да се отворат, рече Димовски.

Тој сепак вели дека немало атмосфера дека Македонија заслужила да добие датум.

— реклама —

-Ако имавме одлично досие, ќе беше многу тешко после Преспанскиот договор да се одбие Македонија. Одиме по тој пат на одбивање. Ја нема атмосферата дека Македонија заслужила и мора да добие датум за преговори, рече Димовски, додавајќи дека пет земји ќе бидат против Македонија, поради лоши резултати во реформите.

На прашањето на новинарот Борјан Јовановски, дали би се обложил околу датум за преговори до крајот на годината, Димовски посочи дека шансите се мали, односно 20-30% за ДА, односно дека државата ќе добие датум за преговори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања