Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Дина Јашари в петок на „Звукот на Скопје“: Возбудена сум што ќе свириме дома

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
306162559_163089253046757_5659331106925014759_n

Дина Јашари е дефинитивно најголемото освежување на новата македонска музичка сцена. Таа заедно со бендот кој, како што самата го нарекува „Дина Јашари и другари“ во рамките на манифестацијата „Звукот на Скопје“ ќе настапи истата вечер со Констракта - в петок (16 септември) на плоштадот „Мајка Тереза“ (пред Филхармонија).

— реклама —

-Како и на секој мој настап ќе ги свириме моите песни во полн состав со мојот бенд кој јас си го нарекувам „Дина Јашари и другари“. Возбудена сум што ќе свириме дома, затоа што повеќето настапи годинава ми беа во околните балкански држави, изјави Јашари во интервју со Весна Дамчевска за „Скопјекулт“, градскиот културен водич.

Извонредниот пристап кон пишувањето песни, прекрасните сонливи аранжмани, емотивни лирики, современа, модерна и свежа продукција и секако, хипнотизирачките настапи во живо со полно право ја ставаат Дина на пиедесталот на новата локална музичка сцена.

— реклама —

-Мислам дека ние младите/новите артисти немаме друг избор освен да бидеме свежи. Треба да носиме нова квалитетна македонска музика на оваа сцена, што веќе гледам дека се случува и многу ми е мило за тоа, вели Јашари за „Скопјекулт“.

Минатата година, покрај бројните настапи, го издаде своето прво EP насловено „Дома“ кое ја зацврсти на мапата како една од најталентираните млади артистки на Балканот. Дина Јашари во 2022 реализираше и 3 мини турнеји и забележа настапи во култни концертни простори како Кино Шишка - Љубљана, А38 - Будимпешта, Мочвара - Загреб, КЦ Град - Белград....

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dina-jashari

(ВИДЕО) Македонската кантавторка Дина Јашари за Би-Би-Си: Домот е таму каде што сакаш да бидеш, а сцената е цела поранешна Југославија

Магазин | пред 3 години

305649547_1278866856195859_1872894653269413961_n

Дина Јашари ја доби регионалната музичка награда „Милан Младеновиќ“

Магазин | пред 3 години

dina-jashari

Дина Јашари има нова песна ,,Досада"

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања