Промени тема
Контакт

Дипломатијата на СДСМ и ДУИ водена од презентер на вести и непотизам, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski-888

Владата администрирана од Пиунот Ковачевски се заплетка со скандалот за именување на конзули во Њујорк и Чикаго, вели опозицијата.

„Имено откако неколку медиуми врз основа на владини извори потврдија дека Владата на затворена седница ги именувала тв презентерката Бесмира Ејупи за генерален конзул во Њујорк, а Петрит Муслиу за генерален конзул во Чикаго, денес владата невешто демантира. Патем демантот е делумен , односно се однесува само за изборот на Бесмира Ејупи, а не и за Петрит Муслиу, синот на провладиниот аналитичар Алберт Муслиу.

Ова отвора нови дилеми.

— реклама —

Прво, дали владата ја лаже македонската јавност, сега откако пукна скандалот и се обидува да фалсификува и крие одлуки од затворената седница, бидејќи медиумите ја потврдија веста од повеќе владини избори претходно?

Второ, зошто чекаа 24 часа за да ја демантираат веста и дали во овие 24 часа била направена злоупотреба?

— реклама —

Трето, зошто демантираат само за иборот на Бесмира Ејупи, а не и за изборот на Петрит Муслиу, синот на аналитичарот Алберт Муслиу кој можеби е поскандалозен случај? Молкот значи одобрување.

— реклама —

Четврто, според кој критериум Муслиу синот бил избран за конзул во Чикаго и дали при изборот одлучна била активноста на аналитичарот Муслиу таткото во изминатиот период на одбрана на владата на СДСМ и ДУИ?

Срамота и крајно потценувачки е тоа што пиунот Ковачевски се крие и молчи за овој скандал од кој се гледа дека дипломатијата на сдсм и дуи е водена од презентер на вести и непотизам. Еве оставаме простор дека Ковачевски и воопшто да не бил информиран бидејќи коалициските партнери го сметаат за небитен во кадровската политика“, се вели во соопштнеието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања