Директорката на Пазарен ќе стане поголем полицаец од МВР, нарачките ќе и стигнуваат од Заев, обвинуваат од ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Mickoski-01.06

Интегрално ви го пренесуваме соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

— реклама —

Државниот пазарен инспекторат и директорката Анита Симеска по насока на Заев ќе стане поголем полицаец од МВР. Не само што новите мерки немаат никаква логика, туку и директорката Симеска не знае што се случува, ни како истите да ги примени.

— реклама —

Нарачките ќе и стигнуваат на Симеска директно од Заев, објектите во кои ќе влегува Државниот пазарен инспекторат и дискриминаторски мерки кои ќе ги спроведуваат како да се полиција, ќе бидат единствено на штета на граѓаните и угостителите.

— реклама —

Ова е класично системско потфрлање на неспособната власт која го доведе народот целосно да осиромаши.

Фашистичкото однесување на власта продолжува, дали следно власта ќе ги проверува граѓаните кои се возат во автобусите на ЈСП за сертификат за вакцина, дали следно ќе се бара сертификат за вакцина од граѓаните кои користат меѓуградски превоз?

Ваквото однесување на власта и партиските институции на Заев посочуваме дека сериозно ќе донесе дополнителни поделби во општеството, дискриминацијата на вакцинирани и невакцинирани граѓани е само уште една нелогичност резултат на неспособноста од власта која велеше дека во септември ќе се прогласи крај на пандемијата.

Политиката на репресија и константен притисок на Заев резултираше со затворање на над 5000 фирми во земјава само за шест месеци, колку фирми сега ќе затворат новите фашистички мерки на власта?

Ова владеење на СДСМ и Заев е погубно и за економијата и за егзистенцијата на илјадници граѓани, но е и по цена на животите.

Казната за оваа невидена катастрофа именувана како Зоран Заев ќе ја добие од истите оние граѓани кои ги дискриминира и ги оштетува со лошите политики.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања