Директорот на ФБИ, Каш Пател, наредил полиграфско тестирање на повеќе од дваесетина поранешни и сегашни членови на неговиот безбедносен тим, како и на други вработени.
Американските медиуми пишуваат дека Пател се обидува да ја зачува својата функција и да ги открие лицата што оддаваат информации од неговиот тим.
Според извештаите, Пател оваа недела се изолирал од дел од високите претставници на Бирото по серијата медиумски објави што предизвикале загриженост околу неговото раководење со ФБИ.
Директорот наредил полиграфско тестирање на поранешни и сегашни членови на безбедносниот тим, како и на неколку вработени од секторот за информатичка технологија.
Извори за американските медиуми тврдат дека Пател избегнувал состаноци со дел од клучните оперативни раководители на Бирото, што предизвикало загриженост во ФБИ за неговата способност навремено да биде информиран за итните закани и истраги.
Директорот на ФБИ побарал полиграфски испитувања за да утврди дали некој од членовите на тимот што го придружуваат на патувања или вработени кои имаат пристап до чувствителни информации комуницирал со новинари.
Претходно, Пател наредил и внатрешна истрага за да открие кој им доставил информации на новинарите за неговото наводно непрофесионално однесување, објавено од Атлантик.
Пател воедно поднел тужба против медиумот и бара 250 милиони долари отштета. Тој тврди дека обвинувањата, меѓу кои и дека доаѓал на работа во алкохолизирана состојба, се лажни.