Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Поранешниот шеф на ФБИ повторно пред суд во САД поради наводно откривање доверливи информации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
3768ee92-resize-820x0x100

Поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, повторно се соочува со кривична постапка во САД, овојпат поради наводно откривање информации за националната одбрана. Ова е трет обид на Министерството за правда да покрене постапка против долгогодишниот критичар на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Би-Би-Си.

Во судскиот поднесок се наведени две точки од обвинението, но без многу детали. Адвокатите на Коми појасниле дека случајот се однесува на наводно откривање доверливи информации на „Њујорк тајмс“ во октомври 2016 година, кога тој бил на чело на ФБИ.

— реклама —

Коми ги отфрли обвиненијата и ги нарече „страшна злоупотреба“ на Министерството за правда. Во видеообраќање објавено на платформата „Сабстек“, тој изјави дека и понатаму е невин, дека не се плаши од оние што го гонат и дека верува во независното федерално правосудство.

Неговиот адвокат, Патрик Фицџералд, рече дека два одделни обвинителски тима веќе го истражувале наводното откривање информации пред десет години, за време на првиот претседателски мандат на Трамп. Според него, во двата претходни случаи било заклучено дека нема основа за поднесување обвиненија. Одбраната веќе поднела барање за нивно отфрлање.

— реклама —

Поранешниот федерален обвинител Глен Киршнер оцени за Би-Би-Си дека постои можност случајот да е опфатен со десетгодишниот рок на застареност, поради што барањето за отфрлање на обвиненијата би можело да има големи изгледи за успех. Тој смета дека постапката изгледа како обид за политичка одмазда од страна на Трамп.

Трамп го разреши Коми за време на својот прв мандат, откако поранешниот директор на ФБИ отвори истрага за наводното руско мешање во американските претседателски избори во 2016 година.

— реклама —

Коми претходно беше обвинет во септември 2025 година за наводно лажење пред Конгресот и попречување на конгресна постапка. Тој се изјасни за невин, а случајот беше отфрлен во ноември истата година.

Во април 2026 година, Коми се предаде на властите поради обвиненија поврзани со фотографија што ја објавил на социјалните мрежи во 2025 година. На неа, школки на плажа биле наредени во форма на бројот „86 47“. Обвинителството тврдеше дека пораката поттикнува насилство против Трамп, 47. претседател на САД. Коми ги отфрли обвинувањата, наведувајќи дека не го знаел значењето на бројките и дека постапката е политички мотивирана. Овој случај сè уште е во тек.

Во меѓувреме, федерален судија пресуди дека Министерството за правда незаконски ја отпуштило ќерката на Коми, Маурин Коми, од функцијата федерална обвинителка во Њујорк во јули 2025 година. Таа тврдеше дека била отпуштена поради својот татко и наводните политички убедувања. Судот нареди таа да биде вратена на работа и да ѝ бидат исплатени заостанатите плати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynglvmbctnnrf0sng3d0

ФБИ ѝ честиташе на македонската полиција за апсењето на администраторот на криминалниот пазар OLVX

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library6fgllhtl59868DvXCiQ

ФБИ спречи терористички напад во Минесота: 18-годишник планирал да убие до 60 луѓе во трговски центар

Свет | пред 2 седмици

3768ee92-resize-820x0x100

ФБИ: Руски разузнавачки служби планирале убиства во САД и Европа

Свет | пред 1 месец

Haker-2-620x350

Преку малвер скриен во видеоигри хакирале илјадници компјутери и украле 220.000 долари

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања