Клиниката за ортопедија која е дел од ТОАРИЛУЦ остана без раководител откако утринава доктор Виктор Камнарси поднесе оставка. Но, како што изјави досегашниот шеф на Клиниката за ортопедија, на негово место пристигнува друг „сериозен колега“.
„Се повлекувам од позицијата, а на мое место ќе дојде друг сериозен колега кој ќе раководи со Клиниката за ортопедија. За овие три години сметам дека направивме многу. Ги реновиравме хируршките сали, ја унапредивме ортопедијатѕа во повеќе насоки, но сега се повлекувам, од позицијата раководител. Секако и понатаму останувам во оваа Клиника“, изјави Камнар за „Фактор“.
Имено како што дознава Курир коалицискиот договор за директор од ДУИ е причината за денешната оставка на Камнар, а не поради лични причини.
На негово место доаѓа Д-р Далип Јахја.