Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Директорот на СОЗР возвраќа: „Немам приватна фирма, клеветите се политички очај“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
ivica-tomovski

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, остро реагираше на денешните обвинувања од СДСМ дека семејна фирма поврзана со него добила тендери во вредност од повеќе милиони евра. Тој ги нарече наводите „класична политичка клевета“ и побара извинување, најавувајќи тужба доколку тоа не се случи.

„Очигледна е намерата по секоја цена да се обвинува, клевети и жигосува. Тоа е нивниот стил и единствената сламка за спас,“ порача Томовски, додавајќи дека обвиненијата се обид да се одвлече вниманието од, како што рече, бројните скандали од времето на владеењето на СДСМ.

— реклама —

Тој предупреди дека токму оние кои, според него, оставиле длабоки последици врз институциите, денес пласираат „безобразни и малициозни конструкции“ за да го прикријат сопствениот неуспех.

— реклама —

„Посочената компанија не е моја. Немам никаков удел во неа, ниту пак во моментов поседувам приватна компанија. Моето единствено ангажирање е работата како директор на СОЗР,“ нагласи Томовски.

Тој додаде дека целата кариера ја градел чесно и професионално и најави дека ќе ги искористи сите правни механизми за заштита: „СДСМ ќе мора да се извини за клеветите. Во спротивно, ќе поднесам тужба.“

— реклама —

Во своето обраќање, Томовски порача дека јавноста веќе казнила „такви политики“, алудирајќи на исходот од последните избори, и додаде дека од СДСМ не очекува извинување, „бидејќи за тоа е потребна доблест и морал“.

— реклама —

Според него, сите институции може слободно да извршат проверки, уверувајќи дека нема што да се сокрие.

media-libraryak9kogt3gu5n2t6ybGG

(Видео) Бомбите на СДСМ: Семејна фирма на директорот Томовски „чисти“ 5,5 милиони евра од буџетот

Членот на Централниот одбор на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска излезе со нови обвинувања против ВМРО-ДПМНЕ и актуелната влада, најавувајќи „нова бомба“ и „нов скандал“ поврзан со, како што вели, милионски злоупотреби на јавни средства.Според Димитријевиќ, Акцискиот тим (АКТ) на СДСМ продолжува да објавува докази за „криминалот на власта“ токму во пресрет на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој тврди дека државни институции и општини под раководство на ВМРО-ДПМНЕ доделиле вкупно 161 тендер, в

Настани | пред 11 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8kqrs88r772q9V7xswt

СДСМ: Ширење паника или паника кај Мицкоски

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Два сценарија на Мицкоски за Алта банка - ниту едно не држи“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarygchjosgjcllv05cRcCx

ВМРО-ДПМНЕ го нападна Жерновски, СДСМ возврати со обвинувања кон Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

media-libraryjuvo7946t52m26Y687J

(Видео) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања