Промени тема
Контакт

Директорот на железници од Беса, итно да си поднесе оставка, бара Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
6026-pristigna-noviot-voz-vo-prilep-960x600-12

Директорот на Македонски Железници Транспорт, Аднан Азизи од Беса, итно да си поднесе оставка поради колапсот на компанијата, бара политичката партија Левица.

„Левица им дава поддршка на вработените во Македонски Железници Транспорт кои од денеска со целосен прекин на товарниот и патниот транспорт, ќе го изразат својот протест поради неисплатувањето на и онака ниските плати. Раководството на МЖ Транспорт изминатите години ја донесе железница до пропаст и девастација на сѐ што постоеше и функционираше порано. Македонските Железници поради лошиот и криминален менаџмент не се во состојба редовно да ги исплатуваат платите па вработените, кои често добиваат плата на рати, а исто така и не се исплатуваат другите додатоци и надоместоци од плати. Со нередовната и парцијална исплата на платите вработените наместо 12 плати годишно, добиваат 10 и пол плати. Нередовните плати на вработените влијаат при сервисирањето на обврските од кредитите поради кои честопати паѓаат во задоцнување со исплата на ратите поради нередовноста на платите, па се задолжени и со казни од страна на банките“, информираше Левица преку соопштение.

— реклама —
— реклама —

Неуспехот на раководството на Македонски Железници се должи на сомнителни зделки за купување на гориво и нафта, купување на несоодветни и неквалитетни делови за локомотвите и нестручен кадар вработен поради партиски активности кој воопшто не оди на работа, се вели во реакцијата.

— реклама —

„До пред неколку години, Македонски Железници располагаше со 30 локомотиви, а денес располага со само 12 локомотиви, што е причина за намалените приходи и опасност од отпуштање на стручниот кадар, кој и онака се помалку го има. Единствените приходи кои МЖ АД Скопје ги има се од товарниот транспорт, додека патничкиот транспорт е целосно уништен. Приходот од товарниот транспорт не е доволен да ги сервисира сите обврски на целата компанија, па и затоа менаџментот ја моли владата за донации како би можеле да се исплатат платите. Најавениот штрајк во Македонски Железници започна со вработените во работилниците и трае веќе неколку дена, а од денеска ќе протестираат и машиновозачите со што ќе го прекинат целиот процес на работа. Потребно е да понесат одговорност сите директори на МЖ кои ја доведоа до пропаст оваа компанија и сериозно да пристапат кон подбрување на железничката инфраструктура која е срцето на секоја држава – а тоа да почне со разрешување на актуелниот директор од Беса, Аднан Азизи. Политиките да се насочат кон градење на нови железнички пруги и да се подобрат условите за работа на вработените и условите на транспорт за патниците и товар за да не ја изгубиме оваа значајна компанија за Македонија“, соопшти Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања