Против професионалниот војник Татјана Лазаровска ќе биде поведена дисциплинска постапка и ќе биде предложена најстрога казна, односно најверојатно ќе и се прекине ангажманот во Армијата на Република Македонија, откако таа преку статус на Фејсбук шири говор на омраза со повикот да му се даде Нобелова награда на напаѓачот од Нов Зеланд, каде беа убиени 50 лица.
Дисциплинската комисија од Генералштабот ќе одлучува дали на припадничката од минофрлачката единица во Кичево ќе и врачи отказ, а додека се води постапката таа не смее да користи оружје.
„Генералштабот на АРМ до Дисциплинската комисија има дадено насоки во рамките на законските регулативи и надлежности да се изрече најригорозна казна бидејќи со непримерното однесување од страна на вработениот припадник е нарушен угледот на Армијата. Дополнително, изречена е забрана до формациско оружје како претпазлива мерка.“ – стои во соопштението на Генералштабот на АРМ.