Град Скопје одлучи летово да не ги урива дискотеките во Градскиот парк туку да им дозволи да работат уште оваа сезона. Уривањето е заради изградба на забавниот парк, кој според новиот план на градоначалникот Петре Шилегов, треба да биде проширен и на местото каде сега се наоѓаат летните дискотеки, објави СДК.МК.
Одлуката за продолжување на закупот до 30 септември е донесена за да им се овозможи да ги надоместат финансиските губитоци поради ковид кризата и рестриктивните мерки.
Од Градот велат дека градежните работи за изградба на забавниот парк ќе почнат наесен.
Според проекциите на Градот, забавниот парк ќе биде готов во 2023, а ќе чини околу 12 милиони евра.
Текстот во целост на: СДК.МК.