Промени тема
Контакт

Дислоциран пунктот за вакцинација во Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vakcina-vakcinacija

Вакциналниот пункт лоциран во спортската сала на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“-Битола денес се дислоцира во училишната амбуланта на основното училиште „Даме Груев“ во Битола и од утре вакцинацијата продолжува во тамошната амбуланта.

— реклама —

Масовната имунизација на населението од градот и регионот која се одвиваше во спортската сала на средното медицинско училиште завршува и објектот по завршена дезинфекција и генерално чистење повторно ќе биде во функција на наставниот процес на средношколците, додека пак вакцинирањето против ковид и сезонскиот грип од утре и секој ден во терминот од 8 до 20 часот ќе се врши во училишната амбуланта во месноста Јени Маале.

— реклама —
— реклама —

Според епидемиолошките анализи во моментов во Битола активни се 506 случаи на заболени лица од ковид, а од почетокот на пандемијата вкупно регистрирани се 8.851 лице. Како што е познато, тестирање за проверка од инфекција со КОВИД се врши во Центар за јавно здравје-Битола и болницата „Плодност“ во овој град.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања