Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Владата ги продолжи пониските акцизи: дизелот ќе поевтини за 6,5 денари по литар, а бензинот за 1,5 денар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Владата на денешната седница донесе одлука да ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни, со цел да се ублажи ценовниот притисок врз граѓаните и стопанството.

— реклама —

Дополнително, по разговорите со компанијата „ОКТА“, која е најголем домашен снабдувач со нафтени деривати, обезбеден е и дополнителен попуст од два денари по литар, кој ќе почне да се применува од утре.

— реклама —

Според владините пресметки, со комбинираниот ефект од продолжувањето на мерката и новиот попуст, цената на дизел-горивото се очекува да се намали за 6,5 денари по литар, додека бензините би требало да поевтинат за 1,5 денар по литар.

— реклама —

Од Владата оценуваат дека станува збор за директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор, земјоделците и компаниите, со цел намалување на трошоците и зачувување на ценовната стабилност.

Во соопштението се наведува дека институциите ќе продолжат да преземаат мерки насочени кон заштита на животниот стандард и јакнење на економската сигурност во услови на глобални економски предизвици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Граѓаните во септември најмногу купувале гориво

Македонија | пред 11 час

— реклама —
235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Бензините поевтинуваат за пет денари, дизелот останува со иста цена

Македонија | пред 4 дена

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Нови цени на горивата од полноќ: бензините поевтинуваат за 2,5 денари, дизелот поскапува за 2 денари

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysgfk5147lgugeW3ne5o

Фицо: Европа има големи проблеми со нафтата и горивото

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања