Промени тема
Контакт

Дизелот во ЕУ поскап за 33,7 отсто за една година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Цените на горивата во земјите членки на Европската Унија во април годинава забележале значителен раст од 20,8 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Евростат.

— реклама —

Станува збор за продолжување на трендот на поскапување, откако во март беше регистриран раст од 12,9 проценти на годишно ниво. До февруари годинава, цените на горивата и мазивата главно бележеа пад низ Унијата.

Експертите растот го поврзуваат со наглото зголемување на цената на суровата нафта по почетокот на конфликтот во Иран на 28 февруари. Дополнителен притисок врз пазарите предизвика и затворањето на Ормутскиот теснец, преку кој се транспортира околу една петтина од светската нафта, како и нападите врз енергетската инфраструктура на Блискиот Исток.

— реклама —

Според статистиката, цените на горивата пораснале во сите земји на ЕУ, а во 15 држави растот надминал 20 проценти. Најголемо поскапување е регистрирано во Луксембург со 33,8 проценти, пред Франција и Шведска.

— реклама —

Анализирано по видови гориво, дизелот во април бил поскап за 33,7 проценти во однос на април минатата година, додека бензинот поскапел за 13,6 проценти.

Во споредба со март, цената на дизелот се зголемила во сите земји од Унијата. Најголем месечен раст е забележан во Словенија со 23,5 проценти, Бугарија со 19,5 проценти и Кипар со 18 проценти.

— реклама —

Кај бензинот, поскапување е регистрирано во 23 земји членки, при што најголем раст има во Словенија со 12,9 проценти. Намалување на цените е забележано само во Романија, Шпанија и Полска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

kuferi-odmor

Нова промена за авионските патници во ЕУ: до 7 килограми дополнителен рачен багаж без доплата

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library02i35qhog8thag61W4q

ЕУ разгледува итни мерки за масовен прилив на мигранти

Свет | пред 3 дена

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Цената на гасот над 70 евра: ЕУ повикана да ја намали потрошувачката

Свет | пред 1 седмица

mkd-429029

Фон дер Лајен добива критики од сопствениот табор за вештачката интелигенција

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања