Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ДКСК ја затвори постапката против директорот на СОЗР: Томовски нема врска со фирмата „Сити аутсорсинг“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-library2dagad6mtn9k3WQK3Uo

Антикорупциска не утврдила судир на интереси кај директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски и фирмата „Сити аутсорсинг“, за која опозицискиот СДСМ тврдеше дека е на неговиот татко и дека добивала тендери од државни институции.

— реклама —

Постапката што ја водеше Антикорупциската комисија е запрена.

— реклама —

Софија Спасовска-Медарска, член на ДКСК, вели дека во минатото постоела повзраност на членови на семејството на актуелниот директор со тоа трговско друштво, но во моментов таква поврзаност нема.

— реклама —

– Нема ниту сопственичка, ниту управувачка поврзаност на службеното лице или на член на неговото семејство. Од електронскиот систем на јавни набавки се гледа дека не се наведени податоци за договори склучени меѓу наведеното трговско друштво и институцијата со која раководи службеното лице – изјави Спасовска-Медарска.

Претходно, СДСМ обвини дека 161 тенедер наводно добила фирма на блиско лице на директорот на владината служба. Томовски ги отфрли обвинувањата и велеше дека никој од неговото потесно семејство нема сопствеништво во компанијата посечена од опозициската партија. Тој ги повика ДКСК и Јавното обвинителство да покренат случај и што побрзо да го решат.

ДКСК поведе постапки за 234 советници избрани во општините кои не ја исполниле законската обврска за поднесување изјава за имотна состојба и интереси во законски утврдениот рок.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2dagad6mtn9k3WQK3Uo

Антикорупциска на некоја од наредните седници ќе испита дали има судир на интереси кај Томовски

Македонија | пред 2 седмици

media-librarylbse3glb0lk30ng2gdN

Томовски: Службата за општи и заеднички работи континуирано работи во интерес на граѓаните и државата

Македонија | пред 1 месец

ivica-tomovski

Левица ќе достави фотографии до Антикорупциската комисија во предметот за „Сити Аутсорсинг“ и директорот на СОЗР, Ивица Томовски

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryqp3ap208ucks3NmFLkp

Кузеска: Семејната фирма добила 161 тендер, а Томовски е голем донатор на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања