Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Длабок и многу ладен средоземен циклон во Македонија: обилни врнежи претежно од снег!

објавено пред 1 година -

Македонија
sneg-partizanska-koli-skopje-2022

Во Македонија ќе настапи голема промена на времето која ќе донесе обилни врнежи претежно од снег, а во Повардарието и во крајните југоисточни предели ќе врне претежно дожд или повремено врнежите ќе бидат од дожд и од снег.

Во поголем дел од Македонија ќе се формира снежна покривка, особено во западните и во источните предели каде се очекува висината на снежната покривка во овие делови и тоа во делови од градовите ќе биде со висина од 5 до 10 сантиметри, понекаде и до, па и над 20 сантиметри. На повисоките места, планините како и на Скијачките центри снежната покривка значително ќе се зголеми, и на планините и скијачките центри таа вкупно со новиот снег ќе изнесува локално и над па и до околу еден метар.

— реклама —

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец. А утре (понеделник) најпрвин тој ќе биде од југоисточен правец. Да напоменам дека во некои од пониските места (градовите) врнежите ќе бидат од дожд и снег, за потоа да преминат само во снег.

Што се однесува до Скопје и околината, со овој голем влажен и ладен бран ќе има врнежи од дожд и снег, а во деновите од новата седмица се очекува да се формира снежна покривка на околните планини, како и во повисоките предели од котлината, а мала снежна покривка можно е да се формира и во делови од пониските предели од Скопската котлина. Повремено и во Скопје ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре (понеделник) накратко тој ќе биде од југоисточен правец.

— реклама —

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, додека и преку ден тие ќе се искачуваат само за некој степен над нулата, а понекаде тие ќе останат и до околу, па и под нулата. Секако, на планинските места и на Скијачките центри тие преку целиот ден ќе бидат под нулата.

— реклама —

Да предупредам дека поради очекуваните обилни снежни врнежи, препорачувам возачите да бидат крајно внимателни, особено доколку патуваат низ планинските превои каде ќе има многу снег, а се очекува и појава на голомразица поради ниските теммпоератури, а поради ветеро ќе има и појава на снежни наноси. Исто така на скијачите кои ќе бидат на Скијачките центри, им препорачувам да бидат крајно внимателни и да не се оддалечуваат на поголема надморска височина, и тоа поради намалената видливост која се очекува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања