Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Длабоката држава се обидува да предизвика трета светска војна преку антируска параноја, вели претставник на Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-librarye4qv4hk7n5ck3xF03iH

Длабоката држава се обидува да предизвика Трета светска војна преку поттикнување „антируска параноја“ низ Велика Британија и Европската Унија, изјави денеска специјалниот претставник на претседателот на Руската Федерација и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.

Неговата изјава следи како коментар на претходната изјава на директорката на Националната разузнавачка служба на САД, Тулси Габард, која рече дека „војнохушкачите од ‘длабоката држава’ и нивните пропагандни медиуми повторно се обидуваат да ги поткопаат напорите на претседателот на САД, Доналд Трамп, да донесе мир во Украина и Европа“.

— реклама —

„Габард е брилијантна не само во документирањето на потеклото на ‘руската измама’ од времето на Обама и Бајден, туку и во разобличувањето на војнохушкачката машинерија на длабоката држава, која се обидува да предизвика Трета светска војна со разгорување на антируската параноја низ Велика Британија и ЕУ. Разумот е важен – вратете го здравиот разум, мирот и безбедноста“, напиша Дмитриев во објава на социјалната мрежа Икс.

Тулси Габард претходно, на 20 декември, на Икс објави дека војнохушкачите и нивните пропагандни медиуми лажно тврдат оти американската разузнавачка заедница го поддржува ставот на ЕУ и НАТО дека целта на Русија е да изврши инвазија, односно да ја освои Европа, со цел да обезбедат поддршка за својата про-воена политика.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања