Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ДНО: Плаќаш здравствено секој месец, за тестови за антитела да плаќаш приватно - Филипче?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
w_56102301

Државните лаборатории нема да прават тестови за антитела за ковид на товар на Фондот. Ваква одлука е донесена бидејќи ваков тип на тест не е задолжителен во важечките протоколи.

— реклама —

Секој кој сака да направи ваква анализа да плати приватно по цена од 736 денари, објави skopskoeho.mk. 

Анализите на детекција на антитела од класата IgG и IgM специфични за SARS-CoV-2, се наменети со цел да се утврди дали поединци биле изложени и заразени со овој вирус и дали развиле специфичен имун одговор.

— реклама —

Според важечките протоколи на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство единствени анализи кои треба да се користат за дијагностика на SARS-CoV-2 се ПЦР- тестот и брзиот антигенски тест. Според тоа, анализите за детекција на антитела од класата на IgG и IgM не треба да се користат при третманот на пациентите заболени со ковид-19.

Но, министерот за здравство Венко Филипче, денеска коментирајќи ја ваквата одлука рече дека утрово разговарал со директорот на Фондот за здравствено осигурување и одлучиле, сепак да има можност и понатаму дел од граѓаните, оние кои ќе имаат индиција за проверка на антитела тоа да може да го направат на државно.

 

извор: skopskoeho.mk. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања