Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

До 1.000 евра казна за шетање во костим за капење во Херцег Нови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-librarygodv8ih33a0l38YKkGu
Фото: РТ ХН

Доколку оваа година летувате на црногорското приморје, односно во Херцег Нови, внимавајте како сте облечени додека се движите надвор од плажите, бидејќи доколку не ги почитувате новите правила, може да бидете казнети и до 1.000 евра.

Општина Херцег Нови и Комуналната инспекција донесоа одлука со која се забранува движење во костими за капење или без дел од облеката на јавни површини, во Стариот град на Херцег Нови, како и по градските улици.

— реклама —

Како што е наведено на таблата поставена во близина на плажата, казните за непочитување на ова правило се движат од 150 до 1.000 евра.

Станува збор за одлука за комунален ред, со која локалните власти сакаат да воспостават поголем ред на јавните површини.

— реклама —

Да потсетиме, слична одлука донесоа и властите на италијанското гратче Варена, на брегот на езерото Комо.

— реклама —

Таму се воведени казни од 50 до 200 евра за посетителите кои низ населбата се движат голи до појас или во костими за капење, како дел од новите мерки насочени кон ублажување на последиците од масовниот туризам и заштита на квалитетот на живот на локалното население.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1kke0r3blpj37ErPtif

Во Црна Гора покрената петиција за забрана на настапите на Десингерица: со машинка шишаше луѓе од публиката

Свет | пред 18 часа

media-libraryugdcpci4f2226JkRQld

(Видео) Ајкула снимена покрај брегот на Црна Гора, многумина тврдат дека е голема бела ајкула

Свет | пред 2 дена

biometriskakarticka

Црна Гора воведува инстант плаќања – парите ќе пристигнуваат за 10 секунди

Балкан | пред 1 седмица

Crna-gora

Опасна отровна риба забележана во Црна Гора, граѓаните загрижени

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања