Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Опасна отровна риба забележана во Црна Гора, граѓаните загрижени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
Crna-gora

Несекојдневна, но и загрижувачка глетка е забележана на црногорското приморје, откако член на Фејсбук групата „Општина Рисан“ фотографирал риба лав – вид познат по своите отровни боцки.

— реклама —

Рибата лав е предатор кој најчесто престојува во близина на карпестото морско дно, а се препознава по впечатливиот изглед и долгите боцки исполнети со отров. Нејзиниот убод може да предизвика силни болки кои траат со денови, грчење на мускулите, засилено потење и проблеми со дишењето.

— реклама —

Фотографијата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, при што дел од граѓаните изразија загриженост поради присуството на овој вид во Јадранското Море.

Доколку дојде до убод од риба лав, експертите советуваат погоденото место веднаш да се потопи во топла вода, а потоа лицето што е можно побрзо да побара лекарска помош.

— реклама —

Природното живеалиште на рибата лав се Индискиот Океан и Црвеното Море, но во последните години овој вид сè почесто се забележува и во Средоземното Море, најчесто преку Суецкиот Канал.

— реклама —

Во меѓувреме, присуството на опасни морски видови е актуелна тема и во Грција, каде неодамна беше пријавен инцидент во кој риба зајак, позната и како лагокефалос, наводно каснала капачка на плажа во Пефкохори на Халкидики.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

cAnk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTTJZN01EQV8vYTAwYzk0NDIzNWY4ZGE3MDFhNTgyMDU3ZTExNWYyM2MuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Пленковиќ со ултиматум до Црна Гора: Нема затворање на преговорите со ЕУ без договор за границата

Свет | пред 22 часа

— реклама —
media-librarylcdeie1nugq99RKDHRd

(Видео) Пожар во Сараево зафати неколку железнички вагони

Свет | пред 3 дена

media-librarygbuvuiv203t88ECHaBn

Црна Гора ја забрзува европската интеграција, затворени уште две преговарачки поглавја

Балкан | пред 5 дена

crna-gora-eu-1-750x430-1

Црна Гора би можела да го потпише договорот за членство во ЕУ во јуни 2027 година

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања