Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

До кога мора да го заверите студентскиот билет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
30f32948-resize-820x0x100

Корисниците на годишен студентски билет за бесплатно користење на јавен превоз дека до крајот на идниот месец имаат право на бесплатен превоз и со непродолжен/незаверен билет за тековнава година.

„При користење на превозот, а во случај на линиска контрола, студентите имаат обврска да приложат „Скопска“ со која ќе докажат дека ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет, кој притоа не им е продолжен, но контролорите не смеат да им издадат записник/казна.

Од 1 март, секој студент кој ги исполнува условите за посочениот тип на билет, а истиот не го заверил/продолжил, во случај на контрола ќе добие казна, доколку евентуално не поседува друг тип на билет, уредно валидиран.

Во случајов, ЈСП Скопје излезе во пресрет на барањето на УСС (Универзитетско студентско собрание) при УКИМ, кое неодамна побара продолжување на рокот за продолжување на важноста на студентскиот билет, со оглед на актуелната ситуација со Ковид - 19, која, како што наведоа, на одредени факултети им предизвикува потешкотии при организација и распределба на документацијата потребна за продолжување на важноста на билетот.

— реклама —

Потсетуваме дека право на користење на билетот имаат сите редовни студенти на државните факултети во Скопје до додипломски студии, без ограничување на возраста.

Важноста на билетот се продолжува секоја учебна/календарска година.

— реклама —

На студентите кои првпат запишуваат прва година и го користат правото на билет за бесплатен превоз, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година.

Останатите студенти, важноста на билетот ја продолжуваат со потврда за редовен студент не постара од 1 месец и запишан зимски/летен семестар.

— реклама —

Продолжувањето на важноста на билетот се врши во центрите за персонализација на ЈСП.

Годишниот студентски билет за бесплатно користење на јавен превоз не важи во ноќна тарифа“, информираат од ЈСП

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања