До крајот на февруари омикронот ќе спласне, тврди Даниловски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dragan-danilovski-1

Епидемиологот проф.д-р Драган Даниловски очекува до крајот на февруари да спласнат инфекциите со сојот омикрон, кои потоа би се одржувале на ендемично ниво.

— реклама —

- На 4 декември 2021 година за Нова ТВ имав изјавено: „Значи, јасно е дека со короната е завршено. Ќе се оствари она што јас одамна го изјавувам – дека напролет ќе се сведе на „сезонски грип“ – нешто со што се согласни и други епидемиолози во светот. Ова е нешто што треба да нѐ охрабри, да нѐ извади од чувството на безнадежност и песимизам.“ Останувам и понатаму на тие мои ставови – вели Даниловски во изјава за Нова Македонија.

— реклама —

Тој вели дека омикрон „пламна како шумски пожар, но како и секоја огнена стихија, почна да се задушува сам во себе“ и дека „сѐ повеќе му недостасува „кислород за горење“.“

— реклама —

– Во Македонија врвот на бранот го достигнавме на 18 јануари – порано отколку што прогнозиравме (крајот на јануари). Оттогаш трендот на нови заразени е надолен. Грубо, колку што траеше растот, толку ќе трае и падот. До крајот на февруари, омикронот ќе спласне. И ќе се одржува на ендемично ниво, некое време, пролетта… За веќе понатаму да се сведе на спорадични (неповрзани меѓу себе, единечни, случаи). Понатаму, ќе го имаме меѓу нас, сосема исто како што го имаме сезонскиот грип – додава професорот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања