Најмалку 10 жртви во пожарот во модуларната ковид болница во тетово, потврди министерот за здравство, Филипче. Веста ја соопшти на Твитер. Лекарите се борат за животите на повредените, дополни Филипче.
Се уште нема информации дали починатите се пациенти или меѓу нив имало и здравствени работници.
Во Тетово се случи несреќа која однесе повеќе човечки жртви. До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, изразувам најдлабоко сочуство до семејствата, напиша на твитер министерот Венко Филипче, кој веќе е во тетово и во секој момент се очекува да соопшти детали за пожарот.
-. Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се траснспортираат во Скопје за да им се даде соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани. Наскоро ќе излеземе со нови информации, наведе Филипче на твитер.
Според него, лекарите се борат за животите на повредените.
-Да им посакаме среќа и да останеме со мислите со нашите сограѓани вечерва. Апелирам до медиумите и граѓаните да не се шпекулира со бројките. Сите потврдени информации навреме ќе ги споделиме, напиша Филипче.