Доаѓа поскапувањето на цените на струјата: 13,6 проценти повисока цена на струјата од ЕСМ за ЕВН Хоум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
struja

АД ЕСМ достави понуда до Универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН Хоум за задоволување на 100 отсто од планираните потреби за тарифните потрошувачи за првата половина на наредната година. Понудата што ја достави на петтиот тендер на ЕВН Хоум изнесува 41 евро за мегават час електрична енергија и е за 13,6 отсто повисока од понудата за периодот јули-декември 2021 година.

— реклама —

-ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на денешните тендери за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на своите потрошувачи за периодот јануари-јуни 2022, доби понуда само од АД ЕСМ. АД ЕСМ и на двата тендери (за 60 проценти и 40 проценти од вкупните планирани потреби) преку електронски аукции му понуди на ЕВН Хоум како Универзален снабдувач купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегават час, потврдуваат д ЕВН Македонија.

— реклама —

АД ЕСМ како најповолен понудувач, додаваат, ќе ги покрие вкупните планирани потребни количини на електрична енергија за корисниците кои се снабдувани од страна на Универзалниот снабдувач за првата половина од 2022 година.

— реклама —

-Добиената купопродажна цена е за 13,6 отсто повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач за набавка на електрична енергија за периодот јули-декември 2021 година, кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 36,1 евро за мегават час за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоум како Универзален снабдувач, потенцираат од ЕВН Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања