Промени тема
Контакт

Доби кривична: Девојка од Кочани барала пари за да не објави компромитирачки видеа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
devojka

Девојка од кочанското село Соколарци ќе добие кривична пријава за ширење на видео со компромитирачка содржина, информираа од Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

„На 06.08.2021, полициски службеници од ОВР Кочани, во кооординација со Јавен обвинител, во полициска станица е повикана Н.Н.(26) од с.Соколарци, кочанско, во врска со ширење на видео материјал со недолична содржина, односно поради сомнение за сторено кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 и „посредување во вршење проституција“ по член 191 од Кривичниот законик. Во присуство на адвокат со неа е извршен службен разговор, при што Н.Н. изјавила дека видеозаписите биле направени со намера да бидат испратени преку „Фејсбук“ на друго лице, за што на неа требало да ù бидат исплатени пари“, се наведува во соопштението од МВР.

— реклама —

Од таму велат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања