Промени тема
Контакт

„Додека ДПМНЕ и нивната градоначалничка Арсовска се заглавени во деструктивни конфликти, цехот за очајната состојба на ЈСП го плаќаат граѓаните на Скопје“, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
mickoski-danela

„Голготата со јавниот превоз во Скопје како да нема крај и покрај бројните директори кои се променија само во еден мандаѕ. Како да не е доволно тоа што значително е редуциран бројот на автобуси, па истите се чекаат и по 40 минути, ревизорскиот извештај за минатата година покажа и многу други недостатоци во работењето на ова јавно претпријатие“, велат од Левица.

— реклама —

„Имено, согласно овој ревизорски извештај, ЈСП и покрај сите субвенции кои ги доделува Советот на Град Скопје, сепак има големи финансиски потешкотии. Ревизорите констатирале дека Јавното сообраќајно претпријатие има склучено неколку договори, чии што одредби идат директно на штета на претпријатието. Еден од нив е договорот за набавка на гориво, каде што е предвидена 50% поголема казнена камата од законски предвидената.

— реклама —

Исто така, ревизорите утврдиле дека претпријатието не ја активирало банкарската гаранција и не ја искористило можностаказнена наплата кога фирмата „АИТОНИКС” која е што е задолжена за новата E-Cloud комуникациска платформа, т.е системот за наплата, не исполнила дел од договорните одредби, со што директно финансиски го оштетиле претпријатието.

Дел од вината за ваквата состојба на ЈСП ревизорите ја лоцираат и кај Министерството за образование; кое две години по ред не му исплаќа средства на Градот за бесплатниот превоз на средношколците и студентите, трошок кој сега целосно се покрива од градската каса.

— реклама —

Од сѐ погоре наведено, може да се заклучи дека вината за континуирано лошата состојбата во ЈСП може да се лоцира пред се во неговото раководството - кое што склучувало договори штетни за претпријатието и не покренувало постапки за заштита на неговите интереси, градоначалничката Арсовска (која на неколку месеци ги менуваше директорите на ова претпријатие и не поведе постапки за утврдување на одговорност за работата на директорите) и секако МОН кој што упорно се амнестира од одговорност за својот удел во колапсот на ЈСП.

— реклама —

Додека ДПМНЕ и нивната градоначалничка Арсовска се заглавени во деструктивни конфликти и нерационални кавги, цехот за ваквата очајна состојба на ЈСП го плаќаат сите граѓани на Скопје“, соопшти Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања