Додека му се суди, претседателот на бугарскиот клуб во Битола отиде на „баци рака“ во Софија кај Радев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Radev-ljupco-georgievski

Бугарскиот претседател Румен Радев во Софија оствари средба со Љупчо Георгиевски, претседател на згаснатиот бугарски клуб „Иван Михаилов“ од Битола.

— реклама —

Според соопштението од кабинетот на Радев, Георгиевски изразил надеж дека бугарската заедница во Македонија наскоро ќе биде вклучена во уставот на земјата, што ќе создаде уставни гаранции за заштита на нивните права, ќе го отвори патот за почеток на преговори за членство во Европската Унија и ќе ја стимулира културната и образовната размена меѓу двете земји.

— реклама —

Радев истакнал дека очекува Македонија „во најкраток можен рок да ги вклучи Бугарите во својот устав и да продолжи со имплементацијата на билатералниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, кој е дел од преговарачката рамка“. Според него, овој чекор е важен за развојот на полноправната соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија, како и за стабилноста и просперитетот на целиот регион.

— реклама —

Пред два дена, во Битола продолжи судењето на Љупчо Георгиевски. Клубот „Ванчо Михајлов“ беше избришан од Централниот регистар, но членовите на клубот формираа нова организација под името „Една роза“, која ги задржа просториите на улица „Рузвелтова“ во Битола, во некогашното еврејско маало. Адвокатот на Георгиевски, Насер Рауфи, го одолговлекува судењето, а следното рочиште е закажано за 28 јануари наредната година.

На Георгиевски му се суди за две дела предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања