„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Додека се гради нов антикорупциски систем, Македонија „се снаоѓа“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
data-viz-korupcija-MK1

МВР, кое треба да гони корупција, е разорена институција и и треба реформа, тврди Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи. Антикорупциската комисија, со години обвинувана за партизираност, и формално не функционира од крајот на март.

— реклама —

По две кривични пријави за примање и за давање поткуп бил резултатот на Македонија во борбата против корупцијата минатата година, покажуваат податоците на МВР. Тоа е најслаб резултат на полицијата во гонење на тоа кривично дело, а лани бил најслаб резултатот и во откривање на другите кривични дела од областа на организираниот криминал – трипати помалку од 2010 и три и пол пати помалку од 2015 година.

– Во Македонија многу повеќе криминал открија истражувачките новинари и истрагите на СЈО, отколку државните органи задолжени за тоа, пред се МВР, институција која треба да се бори против корупцијата и криминалот. МВР е разорена институција. Таа е комплетно надвор од системот за борба против корупцијата – смета Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, поранешен министер за внатрешни работи и долгогодишен оперативец во МВР.

— реклама —

Минатата година полицијата открила и помалку кривични дела „злоупотреба на службената положба“, „даночно затајување“ и „фалсификување исправа“.

Трајанов смета дека на МВР му е потребна темелна реформа.

– Не можат само да се правдаат дека чекаат наредба од јавен обвинител. Во МВР има неколку илјади луѓе со многу високи плати и треба да се изборат со корупцијата. Се истражува, се пишуваат колумни, но додека отсуствува ефикасна борба против корупцијата од надлежната институција, тешко дека може да се постигне позначаен резултат – смета Трајанов.

Состојбата наскоро ќе се смени, убедена е власта, пред се со новиот закон за спречување корупција, кој е во собраниска процедура.

– Наскоро целиот институционален и законски систем за превенција и борба против корупција ќе биде во функција, а во меѓувреме го правиме тоа што можеме – рече премиерот Зоран Заев на отворањето на конференцијата „За општество ослободено од корупцијата“.

Заев нагласи дека еден од приоритетите на Владата е транспарентното водење на политиките, правилното функционирање на судскиот систем, ефикасна борба против корупцијата, но и почитувањето на човековите права.

– Веќе се разгледуваат резултатите од имплементацијата на нашиот концепт за отворена и транспарентна Влада. Според индексот на отвореност Владата како централно-извршно тело е на прво место во регионот со 76 отсто исполнување на индикаторите – рече Заев и додаде дека ова го потврдило истражувањето за отвортеност на институциите за извршаната власт во ЈИЕ и во Македонија.

Ефикасноста на полицијата и работата на Државната комисија за спречување корупција, меѓу другите фактори, се одразуваат и на Индексот за перцепција на корупција, што од 1995 година го објавува „Транспаренси интернешнел“, според кој Македонија минатата година, со индекс 35 била најслабо рангирана од 2010 година. Македонија лани се пласирала во ранг на Виетнам и Етиопија.

Индексот рангира 180 земји и територии според забележаното ниво на корупција во јавниот сектор. На скалата индексот 0 е многу корумпирана, а 100 е земја чиста од корупција. Минатата година две третини од земјите имале индекс понизок од 50. Највисоко котирале Нов Зеланд и Данска со индекс 89 и 88, и регионот на Западна Европа. Најлоши региони биле Подсахарска Африка и Источна Европа (просечен индекс 34).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања