Промени тема
Контакт

Доделени наградите за најдобра необјавена песна за деца во чест на Тоде Илиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Tode_Ilieski_07032023002

Во чест и сеќавање на охридскиот поет и писател за деца, Тоде Илиевски денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ се одржа културен настан на кој беа доделени наградите од распишаниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“.

— реклама —

Организатор на настанот е Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“ со поддршка на Општина Охрид.

— реклама —
— реклама —

Во знак на почит, од страна на организаторите беше доделена благодарница на градоначалникот Кирил Пецаков. Благодарницата ја прими заменик градонaчалникот, Перчо Божиноски кој истакна дека Општина Охрид во континуитет ќе продолжи да ги помага ваквите настани кои ја збогатуваат културната програма во градот. Тој упати честитки за идејата и реализацијата на конкурсот, со надеж дека истиот ќе прерасне во традиционален.

— реклама —

Конкурсот за избор на необјавена песна за деца, беше распишан како начин да се оддаде почит на Тоде Илиевски, охридскиот поет и писател, кој зад себе има оставено трајни вредности, посебно во книжевноста за деца. Од пристигнатите 96 песни, жири-комисијата во состав: Горјан Петревски, Николина Андова Шопова и Живко Грозданоски, издвоија 3 најдобри песни, на кои им беа доделени пригодни награди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања