Промени тема
Контакт

Доделени наградите за „Најдобрите од спортот во општина Охрид за 2023 година“.

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Sportist_2022_030223003

На свечена церемнонија денес беа доделени наградите за „Најдобрите од спортот во општина Охрид за 2023 година“.

– По втор пат за една година под покровителство на локалната самоуправа се собираме денес, за да оддаме признание на најуспешните спортисти во Охрид во изминатата година.Како долгогодишен спортист многу ми е добро познато чувството на радост по добиен натпревар или победнички резултат. Тоа е чувство што влева надеж, дава сила и нова желба за уште повисоки цели, за уште поголеми триумфи.

Спортските успеси не се само гордост на спортистите, тие се гордост и на верната публика и се разбира на сите нас. Со тоа што ги вреднуваме вашите успеси, ние како локална самоуправа сакаме да ја потврдиме нашата цврста определба во создавањето на уште подобри услови за развој на сите спортски дисциплини во иднина. За тековната 2023 година во општинскиот буџет се 35.940.000,00 денари, за поддршка на спортистите, спортските клубови и спортските манифестации. Почитувани спортисти, вие сте најавтентичните амбасадори на Охрид и затоа упатувам најискрени честитки до вас и вашите клубови и тренери, до вашите семејствата кои ја даваат својата несебична поддршка, која е можеби најзначајниот дел од една спортската кариера.

— реклама —

Се надевам дека оваа манифестација ќе стане дел од една нова спортска традиција, затоа што Охрид заслужува да има врвен спорт и да остави силен печат во спортската историја. Уште еднаш, од се срце им честитам на добитниците на наградите и ве повикувам да продолжите со уште поголема посветеност во зацртаните спортски цели, истакна градоначалникот Кирил Пецаков.

За охридска спортска надеж (мажи) е прогласен Давид Крстески , а во женска категорија Христијана Парулеска 2.Охридска спортска надеж (жени) и двајцата од Таеквон-до Клуб „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец Охрид . За спортист/ка странец кој настапува во екипа од Охрид беше прогласен Владимир Бојаниќ од Градски Ракометен Клуб „Охрид“ – Охрид. Спортист/ка од Охрид која настапува надвор од територијата на Охрид избран е Михаил Иваноски од Ракометен Клуб „Алкалоид“ – Скопје.

— реклама —

За тренер на годината беше прогласен Марјанчо Лазаревски од Таеквон-до Клуб „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец Охрид. Спортска екипа на годината е Таеквон-до Клуб„Хва Ранг ИТФ“ Лескоец Охрид

— реклама —

Спортска приказна на годината е Градски Кошаркарски Клуб „Охрид“ – Охрид. За Охридска спортска легенда – за посебни заслуги во спортот беше прогласена Јулијана Николиќ (веслање) наградата и се додели постхумно.

За Спортист на година за 2023 година е прогласен Наум Јаковлев од Карате клуб „Фудошин“ – Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library07sf0l2mrl9tb6DVj0Q

Џез под „Света Софија“: Почна четвртото издание на фестивалот во Охрид

Охрид | пред 2 дена

media-library4qk1s4mpve60eZClkmk

Четири вечери, различни музички изрази: Охрид џез фестивал од 27 до 30 август

ОО | пред 3 дена

media-libraryos1hb68q4st10IQTc3b

Стартуваше 39. Охридски пливачки маратон, Пецаков: „Мирни води на сите пливачи“

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryvuq2j0pptvmn8gtL1YY

Млади литературни творци од четири балкански земји се собраа во Охрид

ОО | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања