Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Доделени решенија за финансиска поддршка за спортисти од општина Илинден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
reshenija-za-sportisti-1

Во просториите на Дом на култура „Илинден“, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и оваа година додели Решенија за еднократна финансиска поддршка за спортисти кои се жители на Општина Илинден.

— реклама —

— реклама —

Градоначалникот, Александар Георгиевски истакна дека продолжува поддршката за спортистите од нашата општина и во иднина, а целта е да се наградат тие кои оствариле големи успеси во делот на спортот, како и да се стимулираат останатите за постигнување големи победи на спортските натпревари.

— реклама —

— реклама —

Градоначалникот додаде дека оваа мерка содржи повеќе категории, а износот кој го доделува Општината како финансиска поддршка изнесува, за прва категорија во висина до 130.000,00 денари, втора категорија во висина до 120.000,00 денари, трета категорија во висина до 90.000,00 денари, четврта категорија во висина до 60.000,00 денари и петта категорија во висина до 30.000,00 денари, додека за младинските категории 50% од предвидените суми.

„Грижата и поддршката на индивидуалните и клубските спортисти ќе биде секогаш приоритет на Општина Илинден, истата ќе продолжи и во наредниот период со доделување на финансиска поддршка. Општина Илинден покрај поддршката на спортистите од овој вид на субвенционирање, преку Програмата за спорт финансиски ги поддржува и спортските клубовите на нејзина територија.

Исто така вложува во обезбедување на одлични и најсовремени услови во спортската инфраструктура со реконструкција на постоечките и изградба на нови терени, овозможување на бесплатно користење на спортските објекти, како и поддршка на многу спортски настани кои се одржуваат во општината но и надвор од неа“, велат од општината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library11bcal7hbvkm4XFDvS8

Општина Илинден започна изградба на трибина со капацитет од 1.100 гледачи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
tableti-sosu-ilinden-3

Градоначалникот на општина Илинден им додели смарт таблети на учениците од СОСУ „Илинден“

Скопје | пред 1 година

cisterna-3

Промовирано ново возило на ЈКП „Водовод“ на општина Илинден

Скопје | пред 1 година

DSC_0883

Општина Илинден со поддршка на традиционалните културни вредности

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања