Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Додик: ЕУ има среќа што Русија ја води Путин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
dodik-putin-585x388-1

Лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, оцени дека Европската Унија е подготвена војната во Украина да трае „до последниот Украинец“ и дека поради таквата политика конфликтот нема наскоро да заврши.

— реклама —

Во објава на социјалната мрежа Икс, Додик тврди дека ЕУ се обидува да ги оствари своите цели и интереси „преку животите и крвта на другите“.

— реклама —

„Војната се води на територијата на Украина, но во суштина тоа е борба на Европската Унија за слабеење на Русија. Сепак, се случи спротивното. Со инсистирањето на продолжување на војната, ЕУ ја уништува сопствената економија“, напиша Додик.

Тој се повика и на, како што наведе, изјава на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека германската економија е во постојан пад бидејќи се потпирала на евтина руска енергија, која повеќе не ѝ е достапна.

— реклама —

Додик истакна дека Русија нема да биде поразена и оцени дека Европската Унија со децении ќе ги чувствува последиците од, како што ги нарече, „ирационалните одлуки“. Тој додаде и дека ЕУ има среќа што Русија ја предводи Владимир Путин, тврдејќи дека во спротивно последиците би биле уште потешки.

Додик со години одржува блиски политички односи со Русија и со рускиот претседател Владимир Путин. Тој повеќепати се сретнал со Путин во Москва, се противеше на санкциите кон Русија, како и на приближувањето на Босна и Херцеговина кон НАТО, а често изнесува ставови што се совпаѓаат со официјалната руска политика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycotrkdlsoidr1imd1cr

Најмалку 13 загинати во руски напад врз железнички перон во Украина

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library3b1ehvm9660rd5i4hA6

Русија тврди дека 613 дронови се упатиле кон Москва во текот на ноќта

Свет | пред 2 дена

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Русија ја исклучува Европа од преговорите за Украина: „Можат да дојдат ако си купат билети“

Свет | пред 2 дена

media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања