Договорот со Бугарија има замка на која падна Македонија, разузнавачот Богоевски: Катастрофално е

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
slobodan-bogoevski

Поранешниот шеф на тајната служба и разузнавач во клучните периоди за Македонија, Слободан Богоевски, тврди дека договорот меѓу Македонија и Бугарија има замка на која паднала нашата држава. Тој вели дека не знае кој го пишувал договорот, но смета дека авторите не се консултирале со познавачите на историјата. Во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов, посочи и што е спорно според него, а воедно и опасно за Македонија.

— реклама —

„Една од замките на овој договор што е со Бугарија е непознавање на историската наука. Јас не знам кој го пишувал, таму стои дека кога ќе се расправа за историските прашања, ќе се расправа исклучиво на историски факти, мислејќи на пишувани извори. Тоа е опасна замка. Тоа е затоа што никој од оваа држава не бил вклучен во дебатата околу договорите од Преспа и овој со Бугарија од 2017 година. Како и кој го пишувал мене не ми е познато. Што е катастрофално за една држава да одлучува за такви прашања, а да не се консултира со ниту еден човек. Не со мене, не викам со мене, но во Македонија има луѓе кои ги познаваат тие периоди. Што е замката, ниту една пишувана историја не може сама по себе да биде извор на историјата. Зошто? Затоа што и најсовесните автори, пред антиката, по антиката и покасно, имаат субјективен одраз. Не мора ова што јас го гледам да е најточно, но ќе го напишам како што го гледам. Тоа е првично, субјективен одраз е тоа. Сите автори кои се познати пишувале по налог на владетелот, да му се додворат, да бидат спонзорирани. Опасно е ако се ослоните само на пишувани извори. Бидејќи тие, како што беше и со лустрацијата, мождат да бидат неверодостојни или лажни“, рече Богоевски.

— реклама —

Бугарите во 1957 година имаат две студии на врвни лингвисти од Бугарија кои го проучуваат коренот на бугарскиот јазик, тоа го коментираше и Богоевски кој рече: „Се приметува дека внимавале при работењето, тоа е фантастичен извор. Ако ги видите имињата кои се во редакцискиот одбор на ова издание, меѓу нив има и лица кои биле топ 5 или 10 во светската лингвистика. Редакторот на првиот том, пишува историјат на развојот на јазиците и дијалетите. И тие го регистрираат тоа на педантен научен начин. Заклучуваат: ако можеме да извлечеме единствен стабилен елемент во бугарскиот јазик и дијалекти тоа е македонскиот јазик. Во сите дијалекти присутни во Бугарија и егејска Македонија, заедничко е македонскиот јазик. И тоа е така“.

— реклама —

ieEQBd9ynxg

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања