Промени тема
Контакт

Договорот со Република Бугарија претставува грешка, бидејќи нема реципроцитет, заклучи Мисајловски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Vlado-Misajlovski

„Договорот со Република Бугарија претставува грешка, бидејќи нема реципроцитет. Единствена и најважна работа што ние ја баравме како Република Македонија е тоа да има реципроцитет. Ако Бугарија сега бара Бугарите да бидат дел од Уставот тогаш зошто Македонците да не бидат дел од нивниот Устав“, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

Мисајловски додаде дека прашањето за македонското малцинство во сопствената држава стана енигма, но реалноста е друга. Во Бугарија има македонско малцинство и не треба да се срамиме од тоа.

— реклама —

„Во судот за човекови права во Стразбур има многу добиени пресуди, но има и пресуди коишто се во процедура. Ние како држава постоиме да ги браниме интересите на граѓаните на Република Македонија, ако тие граѓани се чувствуваат дека се Македонци ние треба да направиме се за нив“, истакна Мисајловски.

— реклама —

Мисајловски потенцираше дека мора да ја знаеме целата политичка содржина на тие 5 точки што се зборуваат, бидејќи тоа е многу важно и тоа е сржта. Тој додаде дека не треба да се заборави дека сите политички партии во Собранието донесоа Резолуција со црвени линии коишто никој не смее да ги помине.

— реклама —

„Во врска со седницата на која што ние како ВМРО-ДПМНЕ го повикавме Бујар Османи, морам да истакнам дека потребно е таа да биде јавна, бидејќи овие прашања не смеат да бидат затворени. Граѓаните потребно е да знаат се во врска со преговорите, бидејќи се работи за нив“, заклучи Мисајловски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања