Промени тема
Контакт

Доказите потврдуваат дека Зоран Заев е главниот рекетар во Македонија, бизнисмени биле уценувани и рекетирани лично од Заев, тврди опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
1942279_boki_ls

„Повторно по којзнае кој пат се потврди дека главниот рекетар во Македонија е Зоран Заев. Последна потврда за рекетот од страна на Зоран Заев е јавно објавената преписка од страна на Бојан Јовановски - Боки 13. Јасно се гледа дека главата на рекетарскиот октопод е Зоран Заев и како бизнисмени биле уценувани и рекетирани“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

„Доказите потврдуваат како Заев дава насоки со кои од неговите пајташи е најпогодно да се договараат работите.

— реклама —

Исто така граѓаните можеа да видат како пипците на октоподот продавале и трансформирале државното земјоделско земјиште во градежно земјиште. Додека земјоделците мака мачат како да преживеат, Љупчо Николовски за само еден ден трансформирал и продавал земјиште.

Љупчо Николовски по објавените пораки како прави криминал со трансформацијата на земјоделско земјиште за личен бенефит, треба веднаш да си поднесе оставка од функцијата министер за земјоделие.

— реклама —

Целосен молк од страна на Заев, Николовски, Рашковски и сите повикани во преписката на обвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановси - Боки 13.

— реклама —

И покрај јавно објавените докази, и покрај сите сведочења на бизнисмени и граѓани за рекетот и криминалот на власта на СДСМ, главните виновници не се седнати на обвинителна клупа.

Пет години потрошени на граѓаните од страна на власта на СДСМ и Зоран Заев само со криминал и корупција. Пет години стагнација на Македонија и уназадување на сите светски ранг листи“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања