„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Доколку се открие дека пожарот е подметнат, тоа е акт на тероризам”, реагира Ременски и бара темелна истрага

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
remenski

Фросина Ременски на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека ако се открие дека пожарот е подметнат, тоа е тероризам.

— реклама —

„Додека ги броиме жртвите од пожарот во болницата во Тетово и сочувствуваме со семејствата на загинатите; и, додека стигнуваат сочувства од Балканот и светот..., редно е да прашаме:

Дали надлежните органи ги открија сторителите кои на 23.08 (само две недели пред пожарот) ГИ ПРЕСЕКОА бакарните доводни цевки за кислород во тетовската болница и загрозија животи на стотина пациенти?

— реклама —

Ако во овој случај (неспорно) е утврден човечки фактор кој сечел и виткал доводни цевки за кислород, тогаш дали тоа може да и' даде право на јавноста да се посомнева дека, пожарот е подметнат?

Доколку се утврди дека, пожарот е подметнат (лично би тргнала од ваква криминалистичка верзија, заради нерешениот случај со сечењето на цевките за кислород во болницата), тогаш овие диверзантски дела се класичен акт на тероризам!

Како знак на почит кон жртвите ќе се воздржам од било какви други коментари важни за истрагата.

Очекувам институциите да признаат дека, еден важен претходно-нерешен проблем не може да не роди нов и поголем проблем, ако градот (Тетово), објектот (болница) и целта (загрозување на животите на пациентите) се исти. Криминалистичката логика е таа.

Најдете ги врските помеѓу оваа "случајна случајност" и понудете ОДГОВОРИ, а не информација дека, 5 или 10 јавни обвинители работеле на случајот. И 20 да работат ако нема резултат - џабе.

Клучот за оваа равенка не е судската медицина која несомнено ќе констатира смрт на ковид-позитивни пациенти како последица од пожарот. Клучот се во експертизата на,ж форензичарите и ексертите за откривање на причините за пожари и експлозии.

Ангажирајте ги сите и АМАН кажете дали го решивте претходниот случај со диверзијата, за да веруваме дека и овој може да биде решен?

Сочувствувам со семејствата на загинатите пациенти“, пишува Ременски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања