Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Доколку Владата му ги обезбеди потребните законски овластувања, проблемот со добитокот ќе го реши за 10 работни дена, тврди градоначалникот на Крива Паланка Митовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarygptgdutll70g6CUQ2Xb

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, упати директен повик до Владата да му овозможи законски овластувања за да ја преземе организацијата и координацијата на активностите за отстранување на животните од улиците и имотите на граѓаните.

— реклама —

Митовски нагласи дека не бара финансиска помош, механизација или дополнителни средства од државниот буџет, туку единствено законски механизам што ќе му овозможи да ги координира надлежните институции и да го реши проблемот.

„Сè што барам од вас е да ми дадете законски мандат. Барам правен механизам што ќе ми овозможи да ја преземам организацијата и координацијата на терен, заедно со сите останати надлежни институции“, порача Митовски.

— реклама —

Тој најави дека ќе подготви протокол и оперативен план, а акцијата за решавање на проблемот би ја спровел за помалку од 10 работни дена, доколку Владата му ги обезбеди потребните законски овластувања.

— реклама —

„Ова понижување на граѓаните на државата мора да заврши. Јас сум подготвен да ја преземам одговорноста и да го водам решавањето на овој проблем до самиот крај“, истакна градоначалникот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Sasko-Mitovski-gradonacalnik

Митовски: Законот мора да важи за сите, но зошто контролите се толку чести во Крива Паланка?

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-librarys8clukirps2n7BBJeWa

(Видео) Кравите шетаат, обвиненијата паѓаат, пријавите чекаат – Митовски во „Претрес“ откри што се случувало со акциите во Крива Паланка

Студио | пред 1 ден

media-librarys6o8pm9lvfpl5qY3VX2

(Видео) Платени 45.000 евра за Брена во Паланка, а кравите останаа проблем: Митовски вети решение за десет дена ако добие надлежност

Македонија | пред 3 дена

media-libraryd2d5522auidoaFzSLcT

(Видео) Кравите кои ја окупираат Паланка се на државата– АХВ ги одзела уште во 2024 година, откри градоначалникот

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања