(Видео) Силно невреме во Крива Паланка: Концертот одложен за денеска
Силно невреме вчера ја зафати Крива Паланка, оставајќи последици поради кои организаторите одлучија да го одложат планираниот концерт.Од Општина Крива Паланка информираа дека поради последиците од невремето е потребна целосна проверка на сценската и техничката опрема, како и нејзино безбедно ставање во функција.Поради тоа, концертот наместо вчера ќе се одржи денеска, 30 август, на Градскиот стадион во Крива Паланка. Времето останува непроменето, односно концертната програма ќе започне во 20:00 ч
Македонија | пред 1 ден